Испити за определување ниво според Заедничката европска рамка во ЦСЈ


Испит за определување ниво на познавање странски јазици според ЗЕР во ЦСЈ

 

Центарот за странски јазици нуди можност да се утврди нивото на познавање повеќе странски јазици во согласност со нивоата на Заедничката европска рамка (ЗЕР) според Советот на Европа. Со овие испити опфатени се следните јазици:

  • англиски
  • германски
  • француски
  • грчки
  • македонски
  • словенечки
  • хрватски
  • бугарски

Секој испит се состои од четири дела:

  • читање со разбирање (15 минути)
  • граматички дел (45 минути)
  • зборување (15 минути)
  • пишување (15 минути)

Потврдата за определеното ниво според ЗЕР се издава веднаш по одржаниот испит.

Цената на испитот изнесува 2.500 денари.

Пријавување на телефон 02 3067-783 и 075 282 600.

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2024. Сите права задржани