ИСПИТИ ЗА АКТИВНО И ПАСИВНО ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ
Во Центарот за странски јазици редовно се одржуваат испити за активно и пасивно познавање на следните јазици:
- англиски
- француски
- германски
- италијански
- албански
- шпански
- грчки
- српски
- хрватски
- словенечки
- руски
- украински
Нивото на активно познавање на јазикот се одредува преку испит што ги проверува следните вештини:
- зборување
- граматика
- разбирање на прочитан текст
- разбирање на говорниот јазик
- пишување
Нивото на пасивно познавање на јазикот се одредува преку испит што ги проверува следните вештини:
- разбирање на прочитан текст
- превод на стручен текст од област која кандидатот сам ја посочува
Цената за испитот за активно познавање на јазикот изнесува 1500 денари.
Цената за испитот за пасивно познавање на јазикот изнесува 1100 денари.
Испитите се одржуваат со претходно закажување на телефон 02 3063-138 и 075 282 600.
Потврдите за познавање на јазикот се издаваат веднаш по одржување на испитите.
Добиените потврди од Центарот за странски јазици можат да послужат за запишување на постдипломски студии и за вработување во земјата.
* Центарот за странски јазици организира и изведува испити и тестирања за потребите на најразлични институции и претпријатија по нивно барање.