APTIS


AПТИС

Полагајте Аптис во Центарот за странски јазици – Скопје доколку ви е потребна веродостојна проценка на вештините по англиски јазик.

Што е Аптис?

Аптис тестот е направен од релевантни експерти од Британскиот совет, а го користат владините институции и организации на повеќе од 85 држави за утврдување и унапредување на стандардите за англискиот јазик.

Со Аптис може:

-          да направите проценка на познавањето на англискиот јазик на вашите вработени, наставници и студенти, согласно Заедничката Европска Референтна Рамка за јазици (ЗЕР).

-          да добиете проценка дали поединци го поседуваат потребното ниво на познавање на англискиот јазик

-          да се утврди потребата од усовршување

-          да се утврди дали студентите се подготвени да следат настава на англиски јазик

-          да се овозможи веродостоен процес на селекција

 

Начин на полагање Аптис

Аптис тестот се полага на компјутер и овозможува брзи резултати.

Во зависност од вашите потреби може да полагате една или повеќе јазични вештини (speaking, writing, listening, reading). Секој тест вклучува задолжителна проверка на граматика и вокабулар како дополнителна гаранција за прецизноста при определувањето на нивото според ЗЕР.

-          Граматика и вокабулар: 25 минути

-          Слушање: 40 минути

-          Читање: 35 минути

-          Пишување: 50 минути

-          Зборување: 12 минути

Подготовка за Аптис

За да се запознаете со форматот на испитот и да ги усовршите вашите јазични вештини може да ги користите бесплатните материјали кои се достапни на следниот линк https://www.britishcouncil.org/exam/aptis/practice-materials

 

Пријавете се за Аптис тестирање

Регистрирајте се за полагање на Аптис онлајн:

https://moj.csj.edu.mk/prijava-za-aptis/

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2024. Сите права задржани