Опис на курсевите за возрасни


Курсевите за возрасни кои ги нуди Центарот за странски јазици-Скопје се едносеместрални и ги опфаќаат сите нивоа (А1 – Ц2).

Наставата за секој степен трае вкупно 17 недели во семестар, односно 34 часа. Наставата се одржува два пати неделно (понеделник и среда, или вторник и четврток) во попладневните и вечерните часови. Секој час е во времетраење од 105 минути. Некои курсеви имаат различно времетраење и должина на часовите како што се специјализираните курсеви (TOEFL, IELTS) и курсевите за одредени јазици (словенечки, шпански, италијански и др.).

Исто така, ЦСЈ продолжува да организира индивидуални часови кои досега покажаа одлични резултати. Тие се изведуваат во времетраење и термин кое му одговара на слушателот.

Наставата во целост се одвива онлајн за сите степени и индивидуални часови. Потпирајќи се на нашето искуство, традиција и современи трендови, Центарот ја дизајнираше наставната програма на начин со кој сметаме дека слушателите можат еднакво добро да ги совладаат наставните содржини преку онлајн часови.

Во соработка со реномираните издавачи чии учебници се користат во нашата настава, просечен онлајн час во Центарот за странски јазици се состои од:

-        Постојана комуникација во реално време помеѓу наставникот и сите слушатели во групата преку платформата ZOOM. Нашето искуство покажува дека ZOOM е најдоброто решение за двонасочна комуникација меѓу професорот и слушателите бидејќи овозможува работа на сите четири главни јазични вештини (слушање, зборување, пишување и читање).

-        Работа со учебник и работна тетратка, кои слушателите можат да ги набават во просториите на ЦСЈ.

-        Употреба на разновидни електронски материјали (документи, виртуелна бела табла, аудио, видео и сл.) кои професорот може да ги споделува со слушателите со цел подобро и полесно да ги апсолвираат наставните содржини.

-        Работа на слушателите во парови и групи на дадена тема под мониторинг на наставникот.

-        Редовно задавање на домашни задачи и нивна проверка.

За поквалитетна настава препорачуваме слушателот да го следи курсот преку компјутер / лаптоп со слушалки, за да се избегнат надворешни влијанија (звуци, шумови и сл.). Воедно, тоа ќе овозможи слушателот подобро да се фокусира на наставните содржини.

Центар за странски јазици

Жиро сметки:
Комерцијална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопје, Македонија

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)2 306 31 38
© Центар за странски јазици, 2016 - 2020. Сите права задржани