Правила


 

ПРАВИЛА

за посетување настава во Центарот за странски јазици – Скопје за учебната 2022/2023 година

 Наставата за еден семестар/полугодие се изведува на следниве начини:

  • 34 часа  од 70 минути* за редовните детски курсеви
  • 34 часа од 105 минути* за редовните курсеви за возрасни
  • Сите останати курсеви се со однапред определена должина и траење и според предвидениот распоред, а по цена и услови за плаќање наведени во јавно истакнатиот тековен ценовник на ЦСЈ.

* Времетраењето на часот се однесува на групи од 5 или повеќе слушатели. Максималниот број на слушатели во детските групи е 16, а во групите за возрасни 14. За помал број на слушатели се намалува времетраењето/вкупниот број на часови.

  • Доколку групата има четири слушатели се намалува времетраењето/вкупниот број на часови.
  • За индивидуална настава за еден, двајца или тројца слушатели важат посебни цени и услови кои му се соопштуваат на слушателот (родителот за малолетни ученици) лично, по телефон или е-пошта, а наставата започнува по добиената согласност и извршената уплата.
  • Секој слушател треба задолжително да се регистрира на апликацијата за упис на ЦСЈ на www.csj.edu.mk . Со регистрацијата се прифаќаат утврдените услови за посета на јазичен курс.
  • Секој кандидат кој се запишува првпат во ЦСЈ треба задолжително да биде тестиран заради определување на нивото на познавање на јазикот, со цел да биде упатен на соодветниот степен. Цената на тестирањето изнесува 500 денари. Доколку кандидатот се запише на некој од курсевите во ЦСЈ, сумата од тестирањето ќе биде вклучена во цената на курсот. Повеќе информации за тестирањето ќе најдете на нашата интернет страница www.csj.edu.mk
  • Еден редовен детски курс трае две полугодија, а редовен курс за возрасни едно полугодие.  

*Наставата за детските курсеви се изведува со физичко присуство.

*Начинот на одржување на наставата за возрасни слушатели (онлајн или со физичко присуство) ќе се одреди според изборот на мнозинството слушатели во секоја група. Доколку нема доволен број пријавени кандидати за формирање група (минимум 5) ќе бидете контактирани и известени за дополнителни понуди.

*ЦСЈ го задржува правото привремено целосно да ја пренасочи наставата онлајн, и за детските и за возрасните курсеви, доколку моменталните состојби и услови налагааат потреба од таков вид на настава.

  • На крајот на курсот слушателот добива уверение за посетување на наставата со назначено ниво според Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) на Советот на Европа.
  • За да се добие уверение потребно е да се присуствува на најмалку 60% од часовите.
  • Оценувањето на слушателите се врши во текот на целиот курс со редовна проверка на знаењето и со завршни испити.
  • ЦСЈ го задржува правото да ја откаже групата за која нема доволен број кандидати, да го промени терминот или професорот доколку условите така налагаат, а уплатените пари за неодржаните часови по вина на ЦСЈ се враќаат во целост.
  • Доколку слушателот ја уплатил целата сума и подоцна достави барање за повлекување на средствата, се применуваат следниве услови:

-       За откажување до една недела пред почетокот на курсот ЦСЈ ги враќа средствата со задршка од 500 денари за административни трошоци.

-       За откажување во текот на првите две недели од курсот ЦСЈ ги враќа средствата со задршка од 1.500 денари.

-       Доколку слушателот не е во состојба да ја посетува наставата во подолг период, повеќе од 4 недели во континуитет, заради ненадејна болест или друга оправдана, непредвидена ситуација за која обезбедува докази, по доставено барање, ЦСЈ ги враќа парите за непосетуваните часови со задршка од 500 денари за административни трошоци.

-       Доколку причината за непосетувањето на наставата не е оправдана и не е договорена однапред и доставена во форма на писмено барање од страна на кандидатот пред почетокот на курсот, уплатените средства не се враќаат.

  • Барањето за враќање на средствата се поднесува најдоцна три месеци по известувањето за прекин на посета на курсот од страна на слушателот.
  • Слушателите на наставата треба редовно да ги посетуваат часовите, да не доцнат и да ја почитуваат работната дисциплина.
  • ЦСЈ го задржува правото да му ја откаже услугата и да му ја врати уплатата за непосетуваните часови на слушател кој го попречува наставниот процес.
  • Слушателите на настава се обврзуваат повремено да се информираат за можни промени од јавно истакнатите информации на интернет страницата на ЦСЈ.
  • За сите молби, барања, поплаки, прашања и забелешки, слушателите се обраќаат до администрацијата.
  • ЦСЈ гарантира дека сите лични податоци на слушателот се доверливи и можат да бидат користени само за административните потреби на ЦСЈ. Со дозвола на слушателите, името и презимето можат да се појават на интернет страницата на ЦСЈ и нашите социјални мрежи (Инстаграм и Фејсбук) заради објавување на лични творби, учества во различни активности, освоени награди во натпревари поврзани со наставата итн.
  • Слушателите се обврзувааат да дадат точни лични податоци при онлајн регистрацијата на нашата интернет страница заради навремена комуникација со ЦСЈ и, доколку тие се променат, да го известат ЦСЈ.
  • Доколку податоците не се точно наведени од страна на слушателите, ЦСЈ не одговара за нивното ненавремено известување или неизвестување.

УПИСОТ ВАЖИ САМО СО ИЗВРШЕНА УПЛАТА.

 

Плаќањето на целата сума се врши при упис.

 ЦСЈ го задржува правото да не ги прима на настава оние кои не извршиле уплата во предвидениот рок.

 Во цената на курсевите не се вклучени учебникот и работната тетратка.

 Уверение за посетуван курс нема да им биде издадено на оние кои имаат каков било преостанат долг.

 Слушателите се обврзани да ја чуваат потврдата за извршена уплата сè додека не го подигнат уверението за посетуваниот курс.

Уплатата за курсевите се врши на жиро-сметка на ЦСЈ 300000000622776 во Комерцијална банка, 200000099001587 во Стопанска банка и во ЦСЈ од понеделник до четврток од 14:30 до 20:00 часот и во петок од 08:00 до 13:00 часот.


Центар за странски азици

Жиро сметки:
Комерциална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопе, Македониа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)2 306 31 38
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски азици, 2016 - 2022. Сите права задржани