Курсеви на ЦСЈ усогласени со Заедничката европска рамка


Курсевите во Центарот за странски јазици се усогласени со Заедничката европска рамка на нивоата на Советот на Европа (ЗЕР).

  Нивоа според ЗЕР

А1

А2

Б1

Б2

Ц1

Ц2

 

Говорител
на основно
ниво

 

А1

Може да разбира и употребува познати секојдневни изрази и многу основни фрази со цел да задоволи некои свои конкретни потреби. Може да се претставува себеси и другите и може да поставува и одговара на прашања од личниот живот, како на пример каде живее, да зборува за луѓето што ги познава и предметите што ги поседува. Може да учествува во едноставна конверзација доколку соговорникот зборува јасно и бавно.

А2

Може да разбира реченици и често користи изрази кои се однесуваат на области од непосредна важност (на пример, основни податоци за себе и семејството, пазарување, непосредна околина, работа). Може да учествува во едноставни и вообичаени ситуации кои подрабираат едноставна и директна размена на информации во врска со познати и вообичаени работи. Може да зборува со едноставен јазик за своето потекло, непосредната околина и непосредните потреби.

Самостоен говорител

 

Б1

Може да ги разбере главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми во врска со работата, училиштето, слободното време итн. Може да се справи со повеќето ситуации во кои може да се најде за време на патување во области каде се зборува јазикот што го учи. Може да срочи едноставен, кохерентен текст на познати теми. Може да опишува искуства и настани, сонови, надежи и амбиции и накусо да даде причини и објасненија за дадените ставови и планови.

Б2

Може да ги разбере главните идеи во сложени текстови на конкретни и апстрактни теми, вклучувајќи и стручни дискусии од сопствената специјалност. Со родените говорители може да комуницира течно и спонтано на степен кој не ја отежнува меѓусебната комуникација. Може да срочи јасен и детален текст на широк спектар теми и да го изрази своето мислење во врска со актуелни теми, давајќи ги добрите и лошите страни на различни опции.

Комплетен говорител

 

Ц1

Може да разбира широк спектар на сложени, долги текстови и да препознава скриени значења. Може течно и спонтано да се изразува. Може флексибилно и ефикасно да го користи јазикот за друштвени, академски и професионални цели. Може да срочи јасен, добро структуриран текст на сложени теми.

Ц2

Може без проблем да разбира сè што ќе слушне или прочита. Може да дава кус преглед на информациите добиени од различни говорни или писмени извори и да презентира докази и објасненија. Може да се изразува спонтано, точно и прецизно и да ги разликува и најфините нијанси во значењето, дури и во многу сложени ситуации.

Центар за странски јазици

Жиро сметки:
Комерцијална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопје, Македонија

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)2 306 31 38
© Центар за странски јазици, 2016 - 2017. Сите права задржани