Правила


Правила за посетување настава во ЦСЈ

Наставата за еден семестар/полугодие се изведува на следниве начини:

  • 34 сесии  од 70 минути* за редовните детски курсеви;
  • 34 сесии од 105 минути* за редовните курсеви за возрасни;
  • Сите останати курсеви се со однапред определена должина и траење и според предвидениот распоред, а по цена и услови за плаќање наведени во јавно истакнатиот тековен ценовник на ЦСЈ.

* Дадената минутажа на сесија е за групи од 5 или повеќе слушатели. Доколку има помал број слушатели во групата, се намалува времетраењето на сесијата. Максималниот број на слушатели во детските групи е 16, а во групите за возрасни 14.

 

Еден редовен детски курс трае две полугодија, а редовен курс за возрасни едно полугодие. На крајот на курсот посетителот на настава добива уверение за посетување на наставата со назначено ниво според Заедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕРРЈ) на Советот на Европа. За да се добие уверение потребно е да се присуствува на најмалку 60% од часовите.

Оценувањето на посетителите на курсевите се врши во текот на целиот курс преку тестови и завршни испити. Посетителите на детските курсеви добиваат извештај за нивната работа на крајот од секое полугодие.

ЦСЈ го задржува правото да ја откаже групата за која нема доволен број на кандидати, да го промени терминот или професорот доколку условите така налагаат, а уплатените пари за неодржаните часови по вина на ЦСЈ се враќаат во целост.

 

Доколку посетителот на курсот ја уплатил целата сума и достави барање за повлекување на средствата, се применуваат следниве услови:

         - за откажување до 1 недела пред почетокот на курсот ЦСЈ ги враќа средствата со задршка од 200 денари за административните трошоци,

         - за откажување во текот на првите две недели од курсот ЦСЈ ги враќа средствата со задршка од 1.000 денари.

Доколку посетителот на курсот не е во состојба да ја посетува наставата во подолг период, над 4 недели во континуитет, заради ненадејна болест или друга оправдана, непредвидена ситуација за која обезбедува докази, по доставено барање, ЦСЈ ги враќа парите за непосетуваните часови со задршка од 200 денари за административните трошоци.

Доколку причината за непосетувањето на наставата не е оправдана и не е договорена однапред на писмено барање на посетителот на курсот, пред почетокот на курсот, уплатените средства не се враќаат.

 

Посетителите на настава треба редовно да ја посетуваат наставата, да не доцнат и да ја почитуваат дисциплината на часовите.

ЦСЈ го задржува правото да му ја откаже услугата на посетител на настава кој го попречува наставниот процес со враќање на уплатата за непосетуваните часови.

Посетителот на настава се обврзува повремено да се информира за новонастанати промени од јавно истакнатите информации во просториите на ЦСЈ.

ЦСЈ не презема одговорност за предметите оставени или изгубени во просториите на училиштето.

Посетителот на настава е материјално одговорен за штетите настанати по негова вина врз имотот на ЦСЈ.

За сите молби, барања, поплаки, прашања и забелешки, посетителите се обраќаат кај администрацијата.

ЦСЈ гарантира дека сите лични податоци, освен името и презимето на посетителот на наставата кои можат да се појават во училниците, на списоците и распоредите на групите, на таблите за известување или на интернет сајтот на ЦСЈ заради објавување на лични творби, учества во различни активности, освоени награди во натпревари поврзани со наставата, се доверливи и можат да бидат користени само за административните потреби на ЦСЈ, освен ако не е добиена дозвола од посетителите.

Посетителите на курсеви се обврзувааат да дадат точни лични податоци заради навремена комуникација со ЦСЈ и доколку тие се променат да го известат ЦСЈ.

Доколку податоците не се точно наведени од страна на посетителите, ЦСЈ не одговара за нивното ненавремено известување или неизвестување.

 

УПИСОТ ВАЖИ САМО СО ИЗВРШЕНА УПЛАТА.

 

Плаќањето на целата сума при упис е со пресметан попуст. 

Доколку уплатата се врши на рати, посетителите на курсевите се обврзани да ги почитуваат роковите за плаќање наведени во ценовникот. 

Во случај на ненавремено подмирување на обврските, ЦСЈ го задржува правото да пресмета камата и да не ги прима на настава оние кои не платиле до наведените рокови. 

Во цената на курсевите не се вклучени учебникот и работната тетратка. 

Уверение за посетуван курс нема да им биде издадено на оние кои имаат каков било преостанат долг. 

Посетителите на курсевите се обврзани да ја чуваат потврдата за извршена уплата сѐ додека не го подигнат уверението за посетуваниот курс.

Уплатата за курсевите се врши на жиро-сметка на ЦСЈ 300000000622776 во Комерцијална банка, 200000099001587 во Стопанска банка или во ЦСЈ секој работен ден од 14.30 до 20.30 часот.

Центар за странски јазици

Жиро сметки:
Комерцијална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопје, Македонија

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)2 306 31 38
© Центар за странски јазици, 2016 - 2017. Сите права задржани